29 јулПолицијата ги испитува обвинувањата на Душко Илиевски дека бил тепан

Секторот за внатрешна контрола при Министерството за внатрешни работи веќе почна да ги проверува наводите во изјавата на млекарот Душко Илиевски дека вечерта кога бил приведен под сомение дека одгледувал марихуана бил тепан од полициски службеник за да го признае делото…

(повеќе)

29 јулСДСМ обвини за корупција во јавното здравство

Добрила Андоновска, член на координативното тело на жени на СДСМ, на прес-конференција обвини дека во Македонија системот на јавно здравство постои на хартија и користи само за партиски вработувања, а за да се добие здравствена услуга пациентите мора да се понуди мито.

„Јавното здравство постои на хартија и се користи само за партиски вработувања, за корупциски скандали, но пред сè за запоставување на граѓаните и нивното здравје“, изјави Андоновска…

(повеќе)

28 јулИзвештај за пропустите на „Парада на љубовта“

Министерот за внатрешни работи на германската покраина Северна Рајна Вестфалија, Ралф Јегер денеска треба да претстави привремен извештај за катастрофата што се случи на „Парадата на љубовта“ во Дуизбург, пренесува Дојче Веле.

Според информации на весникот „Зидојче цајтунг“, во него министерот Јегер одговорноста за масовната паника во која загинаа 20 лица му ја припишува на организаторот на манифестацијата…

(повеќе)

28 јулУнивезитетите со неправилности имаат само уште една недела рок за корекција

Досега сите приватни универзитети покажаа сериозна активност во процесот на отстранување на забелешките кои што ги укажавме за нивното работење, изјави Никола Тодоров министер за образование и наука.

„Откако ќе истече рокот за отстранување на недостатоците од 40 дена, државниот просветен инспекторат ќе изврши инспекциски надзор за да се провери дали се отстранети неправилностите во работењето кои им беа укажани“, рече во вторник министерот на прес конференција…

(повеќе)

28 јулЕУ препорача поинтензивна борба против корупцијата

Европската комисија не ја менува позитивната препорака од минатата година за отпочнување преговори за влез на Македонија во ЕУ, изјави денеска еврокомесарот за проширување Штефан Филе по Седмиот состанок на Советот за стабилизација и асоцијација на Македонија со ЕУ.

„ Разгледувавме дали реформите се забавени или не, и се уверивме дека има нов моментум во реформите“, изјави Филе по состанокот…

(повеќе)

27 јулМлекарот Илиевски пуштен од притвор

Душко Илиевски заедно со неговиот брат и татко излегоа од притвор, откако истражен судија од битолскиот суд донесе решение за укинување на притворот и ги пушти да се бранат од слобода.

Случајот на Илиевски од одделот за организиран криминал при основното јавно обвинителство во Скопје се врати во битолското јавно обвинителство…

(повеќе)

27 јулСДСМ обвини за партизација на Советот за Радиодифузија

Опозицијата обвини дека изборот на членовите е спротивен на Законот за радиодифузија и оти не се почитувани законските прописи.

Опозицијата вели дека ова е груб упад во ова регулаторно тело, а биографиите на кандидатите се најдобра потврда дека се работи за партиски војници.

„Во сите извештаи на Европската Комисија во изминативе четири години без исклучок се нотирани негативни забелешки за односот на власта кон медиумите. Наместо да ги поправи состојбите и да работи на унапредување на независноста на медиумите, денес ВМРО ДПМНЕ направи груб упад во независно регулаторно тело како што е Советот за радиодифузија. Очигледно за Груевски и ВМРО ДПМНЕ не постои ниту закон, ниту процедура, за нив е најважно да инсталира партиски војници во Советот за радиодифузија“, изјави Емилијан Станковиќ од СДСМ…

(повеќе)

26 јулПолицијата ја испитува наследничката на Л’Ореал

Поранешниот батлер на 87 годишната богаташка тајно снимал разговори во кои се споменуваат две непријавени сметки во швајцарска банка и остров на Сејшелите, додека поранешниот сметководител открива дека Лилијан Бетенкур и нејзиниот сопруг давале илегални донации на конзервативни политичари, помеѓу кои и на министерот за труд Ерик Ворт за изборната кампања на претседателот Николас Саркози во 2007 година…

(повеќе)

26 јулМајка Тереза, Ал Гор и Шимон Перез незаконски добиле Нобелова награда?

Норвешкиот новинар Фредрик Хафермехл тврди дека Нобеловите награди за мир кои ги добиле Мајка Тереза, Шимон Перез и Ал Гор се „нелегални“ бидејќи не ги исполнувале Нобеловите завети според кои се доделува Нобеловата награда.

„Дали сакате да ни кажете, ве молиме вратете ја Нобеловта награда? Поголемиот број од нашите одлуки беа погрешни. Поголем акцент требаше да ставиме на укинувањето на војската и незаконските војни, но не го сторивме тоа“, таква порака ќе добијат некои од наградените со најпознатата награда на светот, која всушност не ја ни заслужиле, пишува „Идепендент“…

(повеќе)

26 јулНови обвинувања за корупција и незаконско работење во Министерството за одбрана

СДСМ вчера обелодени скандал за хонорарен договор и исплата на три илјади евра на Бојан Ефтимов, сопруг на раководителката на секторот за меѓународна соработка во одбрана – Биљана Ефтимова.

Хонорарот го добил за ангажман за регионалната конференција на министрите за одбрана одржана во Охрид 2008-та година. За успешно завршeниот проект цитирам „концептуално креативни решенија за визуелно, естетско и техничко дизајнирање и реализација на модерна, уметничка профилирана и естетски димензионирана презентација“, на Ефтимов му заблагодарила и неговата сопруга со комисиски записник, потпишан лично од неа…

(повеќе)